„Немаме жиро сметка, ако можете да дојдете кај нас дома, ако имате можност“.
Од каде сте вие?
„Од Сарај“.
По прилогот на ТВ21, јавувањата за помош кај семејството Арифи од скопски Сингелиќ не прекинуваат. За помалку од 24 часа се собрани над 800 евра од големиот број на хумани луѓе кои им подале рака.
„Вчера ми донесоа 50 евра, и денеска месниот одбор на Сингелиќ ми донесе 450 евра и ми се јавуваат и во Вестернунион треба да одам да земам 200 евра. Така да им се заблагодарувам на сите хумани луѓе, Господ со добро да им врати, Господ уште повеќе да им даде“, порача Рејхане Арифи.
Посреќни изгледаат децата на Рејхане.
„Ни помогнаа со пари, храна не, само пари“, вели Ениса Арифи.
-Што барате вие?
„Побаравме куќа и храна“.
-Дали сте среќни што ви донеле пари?
„Да многу“.
Дали од вчера дојдоа луѓе за да ви помогнат?
„Да“.
Со што ви помогнаа?
„Со пари“.
Вие што барате?
„Куќа“.
Лиридон Бафтиу, Директор на Социјален центар во Скопје за ТВ21 изјави дека денеска екипа излегла на терен за утврдување на состојбата на ова семејство и констатирале дека имаат право за финансиска помош од оваа институција.
„Семејството е корисник на загарантираната минимална помош или социјална асистенција поради попреченостите, болестите кои ги имаат и имаат компензација за трето лице или како што е познато меѓу народот “Туѓа нега” . Секако дека за децата земаат и образовни додатоци“, вели Лиридон Бафтиу.
Дополнително, Бафтиу изјави дека ова семејство ќе биде упатено каде да аплицира за социјален стан, бидејќи тоа не е во надлежност на Социјалниот центар, туку зависи од други институции.
Инаку, ова 6-члено семејство бара помош бидејќи како што се велаат, нивните месечни примања не ги покриваат ниту лековите.
