Нема потреба од паника и загриженост, бидејќи Македонија има доволно стоковни резерви – изјави директорот на Агенцијата за стоковни резерви, Реси Абдурамани.
„Паника не гледам во Украина каде се водат битки, каде се убиваат, таму не гледам паника. Агенцијата за стоковни резерви е доволно снабдена и има доволна количина на стока и видови на стоки кои се одредени со закон. Освен резервните стокови и приватниот сектор има, така да не гледам простор за загрижување што се однесува до набавката на основни прехранбени производи кај нас“ вели Абдурамани.
Абдурахмани рече дека нашиот пазар главно се снабдува од Србија, Хрватска, Бугарија, но без разлика на тоа граѓаните да бидат мирни бидејќи нема да останат без стока. Истакна дека треба да се подготвени за секоја состојба и во врска со тоа Владата формирало работна група која работа на ова прашање.
„Можеби да се појави недостиг на пазарот, но имаме доволно време да се снабдиме од Америка ако нема никаде во Европа, т.е граѓаните да бидат мирни и безбедни бидејќи нема да останат без основните производи. Владата формираше различни работни групи кои ја следат состојбата и го анализираат пазарот, секоја си ја работи својата работа и мислам дека нема да има недостиг на одреден производ“, вели Абдурамани.
Пендаровски за Утрински Брифинг истакнал дека има стоковни резерви но доколку трае кризата со Украина, според него, ќе има проблеми.
Колку е точната количина на стоки не се знае бидејќи тоа е класифицирана информација.
