Пожар во близина на Анталија – евакуирани жители, две села потполно изгореле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шумски пожар избувнал во градот Сиде во близина на Анталија околу 12 часот, кој се проширил брзо поради ветрот. Пожарот избувнал на четири различни локации.

Летните одморалишта не се загрозени, но како што јавуваат локалните медиуми, во некои хотели наводно нема струја и вода.

Две села се целосно изгорени и во тек е евакуација на населението.

Сè уште нема информации за можни жртви, пишува Hurriet Daily News.

Градоначалникот Созен за медиумите изјавил дека пожарот се проширил и дека огнот зафатил многу куќи и деловни згради.

„Tоа е неверојатно лоша глетка. Буквално не ни разбравме во што сме“, вели Созен.

Тој додава дека ветерот овозможувал ширење на пожарот, иако пожарникарите се обидуваат и да го спречат.

Си-Ен-Ен Турк извести дека постои опасност пожарот да се приближи до автопатот што води од Анталија кон Аланија и да ги зафати бензинските пумпи, но пожарникарите прават се за да не се случи тоа.

Според официјалните лица, повеќе од 400 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот. Ангажирани се авион, 19 хеликоптери и повеќе од 100 возила.