Пожарите се шират долж егејското и медитеранското крајбрежје на Турција, а властите започнаа евакуација на туристите во одморалиштата во Бодрум.
Крајбрежната стража, со приватни чамци и јахти, ги евакуира туристите на сигурно, а досега во пожарот настрадале 6 лица.
Ситуацијата е опасна и во областа Мармарис – уште едно популарно одморалиште на брегот на Егејското Море.
Шумските пожари во близина на Анталија се уште не се под контрола, а голем број земји веќе испратија противпожарни авиони во Турција со цел да помогнат во справувањето со катастрофата, која влијае врз животите на илјадници луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
