Пожар во Градски парк – 6 противпожарни возила и 20 пожарникари ги гасеа пламените јазици

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожар во Градскиот парк во близина на скопскиот стадион.
Пожарот кој избувна околу 16  часот зафати неколку бараки кои се вон функција.

Меѓутоа во близина имаше и деловни објекти кои ризикуваат да бидат опожарени.

6 противпожарни возила и над 20 пожарникари беа активизирани за совладување на огнот.

На местото на настанот излезе и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

По интервенцијата која траеше повеќе еден час, пожарот беше ставен под контрола.