Нов пожар избувна на грчкиот остров Евија, но во јужниот дел, а од локалното население од селото во близина на огнената стихија беше побарано превентивно да се евакуираат. Според противпожарната служба на Грција, пожарот се гаси од копно и воздух, а според медиумите од островот, интервенираат 24 пожарникари со 12 возила, четири хеликоптери, два авиони, но и волонтери.
Силниот ветер дополнително ја отежнува работата на пожарникарите
Преку бројот за итни случаи 112 беше испратена порака до жителите на Месохорија и побарано веднаш да се евакуираат.
