Пожар во околината на Чернобил, радијацијата била 16 пати над дозволеното

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украинските власти објавиле дека радијацијата околу Чернобил е 16 пати над дозволеното, предизвикана од пожар во околината на оваа област, пренесува „Гардијан“

„Ова се лоши вести, радијацијата е повеќе од нормалната“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ Егор Фирсов, главниот на еколошкиот инспекторски сервис.

Постот на Фирсов бил објавен со „Гајгеров бројач“ со бројки 16 пати повеќе од дозволеното.

Пожарот зафатил 100 хектари шума околу градот во кој во 1986 година се случи најголемата нуклеарна катастрофа со експлозија на реакторот на нуклеарната центарала. На луѓето 30 километри околу централата не им е дозволено да живеат.