Пожарникарите во словенечкиот главен град Љубљана, нешто по четири часот по полноќ добиле дојава за голем пожар во студентскиот дом Иван Цанкар.
Имало луѓе заробени во зградата. Пожаникарите со помош на скал и заштитни маски извлекле 45 лица од зградата, а вкупно 363 лица се евакуирани.
Спотед студентите, алармот за пожат во зградата не се вклучил, а некои студени од долните катови избегале скокајќи низ прозорците.
Полицијата соопшти дека со возила на Итна помош во УКЦ Љубљана се пренесени 11 лица, а сите лица се веќе згрижени.
„Четири лица се примени на интерно итна медицинска помош на УКЦЛ поради труење со јаглерод моноксид. Нивната состојба е стабилна и не е комплицирана. Едно лице е префрлено на Клиниката за детски болести, а шест на Итната трауматологија на Универзитетскиот клинички центар. Еден повреден има тешки изгореници, две лица ќе бидат оперирани во траумотолошкиот центар поради сркешници на ‘рбетот и скршеници на скочниот зглоб“, соопштија од УКЦ Љубљана.
