Пожарите под контрола, опасност и натаму има – политичарите во трка кој повеќе е со хероите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако го прекина одморот и денеска премиерот Зоран Заев излезе на терен за да ја види состојбата со пожарите.

И денеска тој беше во село Будинарци, општина Берово, село кое во петокот беше едно од најзагрозените од пожарот. Сега ситуацијата е стабилна и пожарот е локализиран.

Во Будинарци вчера беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој однесе и еден камион со помош.

Тој денеска рече дека не сака да направи маркетинг или да води дневна политика, туку сака да помогне таму каде што тоа е најмногу потребно.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека хеликоптерите кои дошле да помогнат од Србија, денеска заминале за Атина, каде ситуацијата е покритична.

Рече дека има активни пожари во Прилеп, село Дрен и Смолани. Во Велес село Џимирци, во скопскиот регион во селата Крушје и Дивље. Во регионот на Сарај, пожар избувнал во селата Раовиќ и Буковиќ. Се уште има пожари во Старо Нагоричане, како и во селата Љубин и Дренак. Ситуацијата, како што рече Ангелов, е целосно под контрола и во Беровскиот регион, при што нагласи дека ниту една земја и ниту едно лице не се загрозени.