Пожарна Скопје: Поддршката и потребната помош ќе ја добијат нашите колеги во Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По силниот разорен земјотрес во Хрватска кој однесе седум жртви, помош пристигнува од сите страни.

Вечерва понуда за помош пристигна и од противпожарната едница на Град Скопје.

„Нашите молитви се со братскиот Хрватски Народ Подршка за колегите од Vatrogasna postrojba Zagreb. Како и секогаш подршката и потребната помош ќе ја добијат ако е тоа потребно Секогаш на страна на ХУМАНОСТА И СОЛИДАРНОСТА Пожарна Скопје“, се вели во нивната понуда за помош.

Денеска Владата на РСМ донесе одлука за помош на Хрватска со 100 илјади евра.