Пожарникарите на протест, бараат 20 отсто додаток на плата поради ризик на работно место (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарникарите на Град Скопје во моментов во Бригадата во Автокоманда излегоа на мирен протест поради не исплаќањето на надоместокт за опасност при работа, за кој пред 18 месеци Судот донел пресуда во нивна корист, а Градот се уште не го вметнува во платата.

Тие најавија дека доколку до крајот на денот не добијат позитивен одговор, утре ќе протестираат пред седиштето на Град Скопје.

Имено, неодамна за ТВ21 пожарникарот Премтим Коџаџику посочи дека според законот од 2014 година, освен плата, тие треба да добиваат и додаток од 20% од платата, но досега ниту еднаш не го добиле.