Бизарна приказна стигнува од Јужна Америка, поточно од Аргентина. На социјалните мрежи се појави информација дека познатиот репрезентативец на оваа земја, Кристијан Павон загинал во сообраќајна несреќа.
Згрозен од вестите и коментарите, се огласил самиот фудбалер кој практично ја „демантирал“ веста.
„Зарем не постојат граници? Кога ќе почнете да ги гледате своите животи и другите да ги оставите на мир. Добар сум“, истакнал Павон.
