Пит Дејвидсон ги шокираше фановите откако на социјалните мрежи почна да кружи видео на кое тој турка обожавател.
Комичарот отиде со својот колега Џон Стјуарт на натпреварот на Никс против Кливленд Кавалирс кој се играше во Медисон Сквер Гарден, а при излегувањето од салата застана да се фотографира со навивачите.
Тогаш му пришол постар човек кој сакал да се фотографира и му рекол нешто и се обидел да го прегрне, а Дејвидсон бурно реагирал и бесно го оттурнал.
Тој почна да гестикулира со рацете и фрли нешто кон него, поради што човекот се повлече, а Дејвидсон продолжи да се фотографира со обожавателите.
here’s angry pete davidson 💯 pic.twitter.com/WgQsZO2a4H
— Clique Productions (@ImClique_) April 23, 2023
