На познатиот пејач Дино Мерлин вчера околу 21 часот му се слошило, по што итно бил пренсен во болница. Од неговиот менаџмент истакнаа дека тој се чувствува добро.
„Дино е добро и се чувствува добро. Беше болен, но сега му оди одлично. Тој е во својот дом во Сараево“, тврди раководството, пренесува „Дневни аваз“.
Лице кое било во близина кога Дино бил пренесен во болница, сведочел за хрватскиот сајт „24 сата“ дека изгледал многу лошо и дека едвај се движел.
