Американскиот фудбалски турнир Open Cup јавно му забрани на познатиот Салт Бае да се појави на последниот натпревар на нивниот турнир.
Отворениот куп ќе се одржи во 2023 година, а во финалето сакаат да видат илјадници навивачи, но турскиот готвач во никој случај не.
„Салт Бае е забранет на Отворениот куп во 2023 година“, напишаа тие на Твитер.
Salt Bae is hereby banned from the 2023 @opencup Final
— U.S. Open Cup (@opencup) December 20, 2022
Да потсетиме, Нусрет Ѓокче се појави на доделувањето медали и пехари на аргентинските фудбалери по финалето на Светското првенство.
Тој го допре пехарот, се преправаше дека го соли, се фотографираше со него, ги гризна медаљите и се сликаше со играчите, кршејќи голем број правила на ФИФА, поради што навивачите бараат од Федерацијата да го санкционира тоа однесување.
