Познатиот телескоп „Аресибо“ во Порторико, кој што донесе многу сознанија, заминува во „пензија“ откако му служеше цели 57 години на научниците. Властите се решија да прекинат да го користат и да го срушат, поради оштетувањата кои се закануваат да го срушат, објави американската „US National Science Foundation“.
Два кабли кои ги држат инструментите тешки 900 тона над чинијата со радиус од 305 метри, пукнале во изминатите месеци.
Инжинерите се загрижени дека и останатите кабли би можеле да пукнат во секој момент, а пробување да се поправат е опасен зафат.
Телескопот е еден од најголемите на светот, и беше средство за многу астрономски откритија. Со него се ловеа и вонземјани.
„Аресибо“ беше актуелен и во филмовите. Така таму беше снимен еден од серијалот Џејмс Бонд, односно филмот „Златно око“ каде што главниот јунак се бореше со непријателот.
Фирмата која ги прегледале каблите, заклучиле дека каблите се можеби и во полоша состојба од што се мисли, и затоа препорача контролирано рушење, нешто што беше прифатено.