На надморска височина од 1160 метри, селото Папрадиште во Кичевско изгледаше како едно од оние населби осудени на целосно напуштање. Затворањето на училиштето пред три години само ја потврди таа загриженост. Но денес реалноста е поинаква.
Во последните години, Папрадиште ги има првите знаци на оживување. Земјоделци што ја обработуваат земјата, нови куќи што се градат и викендички што привлекуваат жители од градот. Развојот е неочекуван, но видлив.
Сепак, новата живост не ги избриша старите проблеми. Инфраструктурата останува слаба, снабдувањето со вода е несигурно, а основните услови се далеку од стандардите.
Претседателот на месната заедница на селото, Лулзим Лимани, додава дека до градоначалникот на општината поднеле две барања за продолжување на проектите започнати од претходното раководство, но, како што велат, наишле на „глуви уши“.
Селото се соочува и со недостиг на вода поради височината на теренот, како и со стара и нестабилна електрична мрежа.
Главниот пат што поврзува повеќе села во овој регион, меѓу кои и селото Кафе, не е реновиран уште од времето на поранешна Југославија.
