Најавите за вработување на првиот вицепремиер Изет Меџити беше прашањето кое го постави Рина Ајдари од Европскиот фронт за кое во негово отсуство таа одговор побара од премиерот Мицкоски. Таа оцени дека оваа негова изјава е само политички маркетинг, бидејќи од министерството за финансии нема потврда за нови вработувања.
„Дали јавната администрација е државна администрација или театар каде што секој глумец ќе измислил своја улога. Ако веруваме на господинот Меџити, ќе повторам, ќе има илјадници вработувања за Албанците и се во тек. Ако ги слушнеме другите министри одговорни за вработувањата зборовите на заменик премиерот изгледа дека се само една измама за политички поени“, вели Рина Ајдари.
Јас би сакал во мојот кабинет да дојдат и да работат Албанци, но тие не се заинтересирани и одговори премиер Мицкоски.
„Никој нема да дојде за 25 илјади денари плата. Знаете зошто? Затоа што пак еден друг бегалец кој што е на црната листа мислеше дека оваа држава е негова своина, си играше фудбалчиња, па по малку си работеше во Лотарија па по малку си изнајмуваше простории кои што ги натплаќаше едно десет пати повеќе од пазарната сума. И така се празнеше и се цицаше државниот буџет кој што сега не може да си дозволи поголема плата и поголеми примања“, вели Христијан Мицкоски.
Ајдари постави прашање и за најавените вработувања во здравството кој што исто така ги нарече дека се манипулативни и дека се отстрануваат Албанци на раководни позиции. И Таравари беше отсутен па одговори неговиот заменик кој рече дека најавените вработувања од министерот ќе се случат и дека тие ќе бидат врз основна на стручност.
