Пратеник вози патници од Куманово до Скопје – „Може да дојде кој сака, да се дружиме“, вели Мартин Костовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова е Мартин Костовски, пратеник во Собранието на РСМ. Тој е од Куманово и за да стигне до Собрание треба да помине над 30 километри. За да не го помине сам овој пат, со себе зема и патници кои одат во Скопје.

Но, за разлика од таксистите кои за ова услуга напаќаат по 120 денари, пратеникот одлучил тоа да го направи бесплатно.

Во текот на патувањето, граѓаните имаат и прашања за пратеникот.

Патниците од Куманово  велат дека ова е добар гест бидејќи барем малку им помага на лицата кои не се во можност да патуваат до Скопје.

Ова за пратеникот е од помош бидејќи одблиску може да ги слуша проблемите на граѓаните. Вели  дека најчесто навечер се враќа сам бидејќи не може да најде патници.

ТВ21 објави дека од 2016 до 2020 за еден пратеник за патни трошоци се платени  од 500 до 47 илјади евра. Вкупните патни трошоци за овие 4 години изнесуваат околу 1.5 милиони евра.