Пратениците откако се вакцинираа, ќе се вратат да работат во салата „Македонија“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието Талат Џафери посочува дека денеска имал средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести кои што извршиле контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во Сала Македонија.

Тој вели дека тие ќе продолжат да работат со почитување на мерките за заштита од КОВИД – 19, согласно новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршиле процесот на имунизација.

„Со верба дека законодавниот дом ги исполнува препорачаните услови за работа, ќе го очекуваме позитивниот одговор на Комисијата за заразни болести“, додава Џафери.