Празни ветувања за училиште во Идризово – Георгиевски „заглавен“ во процедури, Заев се обидува да му помогне

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општината Гази Баба, Борис Георгиевски веќе три години ветува дека Идризово ќе добие училиште. Георгиевски ветувањето неколкупати го даде и пред жителите на Идризово. Тој денеска беше во придружба на премиерот Зоран Заев, па ја искористивме приликата уште еднаш го прашавме – зошто не го одржа ветувањето?

Истиот одговор Георгиевски го повторува речиси две години. Овојпат топката ја префрли на МОН.

Во помош му „притрча“ премиерот Заев, кој мораше да стане за да му помогне на Георгиевски во неговиот одговор.

Со истиот одговор градоначалникот на Гази Баба излезе и во 2019 година, но досега нема поместување во процесот за изградба на ветеното училиште.

Ова е договорот потпишан меѓу жителите и градоначалникот Георгиевски како решение за учениците од Идризово. Во него пишува дека доколку страните не го почитуваат постигнатиот договор, ќе одговараат и кривично, и морално.