Иако дождливо време, граѓаните го искористија времето да се прошетаат во Градскиот парк пред да започне полицискиот час.
Голем број од нив држеа социјална дистанца, носејќи маски. А, пак една група која ја затекнавме не ги почитуваше препораките и донесените мерки за физичка дистанца и задолжително носење на заштитна опрема.
„Фино е времето иако е дождливо. Немаме време но тоа е сега ќе издржиме се за здравјето“, истакна граѓанин.
„Добро е. Го користиме времето ефектно“, вели граѓанка.
Но, во последниот период, барем од она што може да се забележи на теренот, во голема мера граѓаните сега ги почитуваат мерките на здравствените власти. Сепак, токму недисциплината и нивната несериозност бил причаината да се воведат строги мерки односно полициски час.
„Ако граѓаните беа повеќе совесни, немаше да имаме полициски час, бидејќи има држави кои не воведоа полициски час. Ако личното, семејното и јавното вниманието беше на повисоко ниво, тогаш немаше да имаме полициски час. Но, како резултат на непочитување на препораките од страна на граѓаните, од несовесност и од големото невнимание, ние, односно Комисијата за заразни болести бевме принудени да ѝ предложиме на Владата да се ограничи движењето“, истакна Шабан Мемети.
Шведска е пример на држава која без ограничување на движењето, односно полициски час се бори против коронавирусот. Сепак, Македонија и Шведска не би требало да се споредуваат во начинот или носењето на мерките.
„Луѓето ги почитуваат мерките и препораките за самоизолација. Препораките за лична хигиена, препораката да не се посетуваат постарите особи. Секако дека има и тука пропусти, меѓутоа Воглавно е таа комбинација од доверба во институциите и само дисциплина и почитување на препораките“, посочи Лилјана Кочоска Мараш.
Инаку, од први мај стапи на сила законската обврска да се носат заштитни маски на лицата. Маски мора да се носат во затворен и на отворен простор. За непочитување на мерките казната е 20 евра.
