Партиите во клинч за градската каса на Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик претседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, го обвини градоначалникот на општина Скопје, Коце Трајановски, дека и во буџетот на наредната година приоритет му се луксузот и раскошот на Никола Груевски.

Тој го праша градоначалникот Трајановски, за тоа како е можно град Скопје да подели ист буџет за барок фасади и за  реконструкција на училишта.

И советникот од Албанската опозиција во град Скопје, Идриз Орана, вели дека и оваа година буџетот е антиалбански како и претходните години. Градот поделил повеќе пари за грижа на мајмунот Коко,  отколку за прославата за Денот на Азбуката, смета Орана.

Членот на советот од ДУИ, Ќемал Муслиу, вели дека буџетот не е дискриминаторски, но според него, со овој предлог-буџет предвидени се пари првично за целиот град Скопје, но и за териториите кои се со албанско население.

Инаку, денеска на дневен ред, на советот на градот беа прашањата на советниците, додека поголем интерес имаше за предлог- буџетот за наредната година.