Предмет од СЈО завршил кај договорен судија?! Рибарев и Џолев сведочеа во случајот со Панчевски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот, но и актуелен претседател на Кривичниот суд, Стојанчев Рибарев и Иван Џолев како сведоци се појавија во судот во Велес за случајот Владимир Панчевски.

Рибарев истакна дека по пристигнувањето на функцијата по Панчевски дел од судиите се жалеле дека биле распределувани случаи не преку АКМИС системот, туку на рака. За ова тогаш бил известен и судскиот совет.

Џолев пак кога дошол на функцијата бил известен од Обвинителството дека била отворена истрага против поранешниот претседател и барале увид во дел од предметите.

На рочиштето сведочеше и службеничка која работи на внесување на предметите во АКМИС системот. Таа потврди дека еден од предметите кој бил отворен од СЈО, рече дека не знае на кое звучно име се однесувал, но пристигнала наредба тој предмет да биде даден кај судијката Тања Михаловска. Иако службеничката се пожалила, сепак нејзината шефица одговорила дека тоа било наредба.

Екс Претседателот на Кривичен , Панчевски се товари дека спротивно на законот рачно и по своја волја ги распределувал судските предмети , надвор од таканаречениот АКМИС систем.