Прегазил малолетник во Скопје и избегал со автомобилот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тринаесет годишно момче се здобило со повреди откако вчера вечерта било удрено од автомобил во Скопје.

Несреќата се случила вo 20 часот на крстосница од бул.Никола Карев и ул. 362 кога автомобил   ,,Фолксваген голф“, сопственост на И.Т од Скопје, управувано од засега непознато машко лице, удрил во  Л.А (13) од Скопје.

– Возачот со возилото го  напуштил местото на настанот.По незгодата , Л.А.се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. За сообраќајната незгода известен е Јавен обвинител, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.