Прекината свадба во струмичко со 300 гости, МВР најави кривични пријави

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 28.02.2021, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во с.Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За настанот бил известен Јавен обвинител.