„Се наоѓаме на автопатот Скопје – Блаце. Како што можете да видите , почнало да расте трева, а овде е трасирано до каде треба да се гради автопатот. А водата направила свое корито!“, јавува репортерот на ТВ21.
Почна да се срамнува дел од планината, но остана на половина.
Вака денеска изгледа местото каде почнаа градежните работи за автопатот Скопје – Блаце.
Трасирано е, но не се работи. Последните градежни активности овде беа пред изборната кампања. Багерите за последен пат беа овде на 17 мај. Мештаните велат дека од тој ден не ги повеќе не ги виделе .
На состанокот на Генералниот совет на ДУИ, беше објавено дека ДУИ ќе раководи со Министерството за Економија и Министерството за финансии, затоа Ахмети зборуваше за капитални проекти, при што го спомна и автопатот Скопје – Блаце.
„Времето не чека за продолжување на автопатот Охрид – Ќафасан, веќе сите процедури се завршени за патот кој ги поврзува Скопје и Качаник“, рече Али Ахмети – претседател на ДУИ.
Отидовме и во внатрешноста на село Блаце кое се наоѓа граничниот премин со Косово.
Таму жителите не сакаа да зборуваат пред камерата, но рекоа дека се оштетени поради тоа што државата им плаќа многу ниска цена за купување на земјиштето. Тие велат дека ангажирале и адвокат за решавање на овој проблем. Во текот на денешниот ден се обидовме да контактираме и со координаторот на проектот, Бујар Османи, за да прашаме зошто има застој, но тој немаше одговор.
