Премиерите од земјите на Вишеградската група на средба со Јанша, тема ќе биде и Западен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерите на земјите од Вишеградската група денеска ќе престојуваат во посета на Словенија, каде ќе разговараат за приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ, Конференцијата за иднината на Европа и за Западен Балкан.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој ќе биде домаќин на неговите колеги од Чешка – Андреј Бабиш, од Унгарија – Виктор Орбан, од Полска – Матеуш Моравиецки и од Словачка – Едуард Хегер, изјави дека Словенија со години тесно соработува со Вишеградската група и има голем број интереси кои произлегуваат од членството во ЕУ, географската положба и слични нивоа на економски развој, јави СТА.

Со оглед на тоа што Словенија во моментов претседава со Советот на ЕУ, разговорите најверојатно ќе се осврнат и на постапката според членот 7 од Договорот за Европската унија покрената против Унгарија и Полска, која ја најави оваа недела министерот за надворешни работи Анже Логар.