Беше одобрена одлуката за прераспределба на буџетот за 2023 година, за потребите кои настанаа како резултат на ценовната криза и енергетската криза. Со оваа прераспределба на средствата нема да има зголемување на буџетскиот дефицит кој е предвиден на 4,6% од бруто домашниот производ. Вкупно изнесува 18 милијарди и 215 милиони денари, обезбедени со внатрешна прераспределба. Вклучени се околу 3 милијарди денари за 106 илјади вработени во јавниот сектор.
-Во однос на платите имаме зголемување за 4,25 милијарди денари, а обезбедуваме и средства од 3 милијарди денари во делот на пензии, пензии за 336 илјади пензионери кај нас и каде што се предвидува зголемување од 6% во септември на оваа година, од централниот буџет се префрлаат 600 милиони денари во вториот столб на пензионерите, кој го снабдува пензискиот фонд, вториот столб и не само за јавниот сектор, туку и за сите вработени.“, вели Бесими.
Дополнителни 800 милиони денари ќе бидат субвенциите во земјоделството. Раст има и во здравството и образованието.
-За Трикафка има 55 пациенти и одвоени се 100 милиони денари, 25 милиони денари за амбулантни возила за годинава, 20 милиони денари за дигитални сензори за дијабетес и дополнителни средства во однос на исплата во периодот на здравствено осигурување за периодот на бременост, 200 милиони денари. Во едукација за преводи и печатење на дополнителни книги 106 милиони денари, 290 милиони денари за студентски стандард, за стипендии и храна-рече Бесими.
Зголемување има и кај субвенциите дадени за домашните инвеститори за милијарда денари, 580 милиони денари отпаѓаат на домашните инвеститори, 200 милиони за странските и 300 милиони денари на управата на слободните економски зони. Во меѓувреме, за антикризни мерки се наменети 4,55 милијарди денари.
