Кичево едвај успеа да ги обезбеди сите средства и опрема за потребите на ковид-центарот за справување со пандемијата.
Тука се инсталирани кислородните боци кои им служат на заразените пациенти кои имаат проблеми со дишењето.
Но, како што се чини за некои луѓе, функцијата на овие цевки нема големо значење. Крадци, не мислејќи на здравјето на пациентите во ковид-центарот во Кичево, влегле и ги пресекле бакарните цевки, со цел да ги продадат за помала сума пари.
Директорот на болницата во Кичево, Станко Трпески, вели дека е причинета само материјална штета, но дека за среќа вработен во болницата успеал да го фати крадецот навреме пред да го уништи целиот систем.
Можел да предизвика голема катастрофа, но за среќа го откривме навреме и не успеал да ја оштети главната цевка, вели директорот Трпески.
ТВ21 дознава дека лицето е приведено од полицијата и против него се преземаат потребните мерки. Лицето, според сознанијата на ТВ21, во своето досие има и други кривични дела во Кичево. Од СВР-Охрид велат дека со подетални информации ќе излезат следната недела.
