Пресуда која ги отвори раните на Наташа – условна казна за усмртување на едно лице и неродено бебе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поминаа две години откако Наташа Апостолоска при собраќајна несреќа го загуби нејзиниот сопруг и нероденото бебе. Таа се здоби со тешки телесни повреди. Денес, преку заедничките фотографии со нејзиниот сопруг Гоце се труди да ја намали болката. Но, вчерашната пресуда и ги отвори раните. Лицето Васил Ч. кој ги удри со џип, признал дека поминал преку две полни линии но судијката Елена Илиевска Јосифовиќ му одреди условна казна.

„Судијката што го водеше предметот изрече условна осуда за убиство, губење на плод и тешки телесни повреди, каде што имам сериозни последици. Само затоа што обвиниетиот го признал делото, тоа беше нејзиното кратко објаснување за однос на изречената алтернативна мерка“, истакна Наташа Апостолоска.

Понатамошната постапка е жалбата која треба да ја поднесе обвинителството затоа што само тие се надлежни во однос на казната.

„Се надевам дека обвинителството ќе има итерес и ќе пушти на време жалба откако ќе ја добие писмено пресудата. Затоа што вчера не најдоа време и интерес да се појави на пресудата. Иако станува за предмет со загуба на живот, можеби за нив се само предмети но сепак станува збор за живот“, додава Наташа Апостолоска. 

На социјалните мрежи се јави и таткото на починатиот.

„Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи и уништи животи на фамилии си е слободен? Тоа е нашето судство, обвинителство и цел ланец на судски заврзлами. Не смеам да кажам некој лош збор на Фејсбук бидејќи може да дојдат и да ме најдат за виновен. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава ја имаме“, пишува таткото на починатото лице.

Поранешниот член на Судскиот совет Беким Реџхепи вели дека одлуката на судот е нечесна. Сепак додава дека Апелација ќе го има последниот збор.

„На прв поглед одлуката е нечесна но пред се, треба да има мислење на вештачење и куалификација на делото. Од сето ова зло, доброто и најбитното за овој случај е дека одлуката не е правосилна. Апелацијата на оваа одлука ќе разјасни се“, вели Беким Реџхепи.

Возачат на џипот „ситроен крузер“ е Васил Ч. 64 директор на фирма во Тетово. Првото рочиште за предметот се одржало пред три дена и Васил Ч. веднаш ја признал вината за сообраќајната незгода. Се чека на одлуката на ОЈО Скопје дали ќе се жали. Причината за условната казна, како што се наведува во пресудата, е дека лицето ја признало вината.