Пресудата за двојното убиство пет месеци патувала од Кривичен до Апелација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пресудата на Кривичен суд со која Љупчо Палевски – Палчо и неговите другари беа осудени на доживотен затвор за двете убиства на Вања и Панче, пет месеци патувала од зградата на Кривичен суд до Апелација.

Двете згради се оддалечени помалку од 200 метри. Објаснување зошто е така, засега нема.

Казните судот ги изрече во јуни, а отсега почнуваат да течат рокови за жалби.

Одбраната најавува жалба до Апелациониот суд и ќе бара одржување јавна седница.

Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев кон крајот на јуни беа осудени на доживотен затвор.

Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој беше обвинет дека давал информации за движењето на неговата ќерка, беше ослободен од вина.