Претпладне променливо облачно со дожд во јужните делови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според Управата за хидрометеролошки работи, времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд во јужните делови.

Како ќе одминува денот, облачноста ќе се намалува.

Ќе ува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се движат од 3 до 16 степени. Во Скопје и околината утринската температура 6 степени, а дневната 13 степени.