Претседател да се бира во Собрание или на избори – Селмани: Би било поздраво за демократијата да се бира во Собрание

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Главна тема деновиве во јавноста е идејата на Али Ахмети и Арбен Таравари – Претседателот на државата да се избира во Собрание, а не на избори. Нивната идеја ја правдаат со тоа дека функцијата шеф на државата е тешко достижна за албанската заедница, па затоа се надеваат дека тоа може да се постигне преку можен политички договор со македонските партии.

Политичкиот аналитичар и поранешен претседателски кандидат, Имер Селмани за ТВ21 вели дека изборот на Претседателот во Собранието ќе биде далеку поздрав за демократијата и ќе придонесе за државата да биде постабилна.

-Дебатата и односите, но и консензусот во Парламентот би биле многу поздрави, покорисни, со дебата каде што Претседателот на државата би го избирал од самиот Парламент. Тоа би било поздраво за нашата демократија, убеден сум во тоа. Тоа е долгорочен проект кој ќе ја направи нашата држава постабилна“, вели Селмани.

На прашањето – зошто македонските партии се против ваквата идеја, Селмани вели дека изборот на Претседател преку избори им оди во прилог, бидејќи во вториот круг секогаш поминуваат само кандидатите на двете најголеми партии.

-Бројките и изборот на Претседател непосредно од граѓаните ѝ оди во полза на македонската етничка заедница. Сите етнички заедници се натпреваруваат во првиот круг. На овие избори имаме десет или повеќе кандидати. Но, на крајот, можноста за влез во вториот круг повторно е на страната на двајцата кандидати на двете најголеми политички партии, а тоа потоа ја привлекува посветеноста на македонското етничко мнозинство-вели Селмани.

Според Селмани, Претседателот кој се избира преку избори, постои ризик да се фокусира и да се грижи само за заедницата што го избрала. Доколку се одлучи шефот на државата да се избира во Собрание, Селмани на став дека во тој случај треба да му се зголемат и надлежностите.