Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола отпатува на Блискиот Исток за да и помогне на Европа да го одржи прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, а меѓу првите состаноци беше со спикерот на израелскиот Кнесет кој и кажа дека „Хамас го уби таканареченото решение за двете држави на 7 октомври“.
„Први состаноци во Ерусалим. Во наредните денови ќе го претставувам Европскиот парламент во дискусиите во Израел и палестинските територии во критичен момент за Блискиот Исток и светот. Европа е подготвена да го засили својот ангажман и да направи се што може за да помогне во одржувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците, за да се обезбеди патот до зголемена помош и да се создадат темели за одржлив мир“, објави Мецола.
Почитичарката од Малта во објавата на Х рече дека „приоритет на ЕП е да обезбеди ослободување на сите заложници, одржување на прекинот на огнот и зголемување на хуманитарната помош“.
