Претседателот на МАНУ: Македонија е експеримент – Фрчкоски: Тоа се аматерски тези кои личат на екстремната десница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Македонија е геополитичка лабораторија на големите „играчи“ кои тестираат свои „рецепти“ за соживот и стабилизација“ – изјави Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во интервју за Слободен печат.  Македонија ја нарекува „екперимент“ и „центар на регионална дестабилизација“и  „брод кој тоне“.

„Македонија, за жал, во последните неколку години, постепено, за да конечно, во 2020, стана центар на регионалната дестабилизација. Тоа се случи, во голема мера, поради внатрешните политички превирања, отсуството на владеење на правото, неспособноста и ароганцијата на домашните политички елити, изразената корупција, криминалот и алчноста, но, делумно и поради сличните појави и однесувања во дел од ЕУ државите“, истакна Љупчо Коцарев.

Но, професорот Љубомир Фрчковски вели дека  ова се неаргументирани тези, ставови кои личат на граѓанин припадник на екстремна десница, но не и на позициата Претседател на МАНУ. Со што, тој смета дека Коцарев ја злоупотебува функцијата.

„Ставот на Претседателот на МАНУ е катастрофален. Имено прво методолошки нешто да расчистиме, мислам дека ставот на Претседателот кој е експерт во природните науки има мислење како граѓанин, но како екперт нема никаква стручност, ја злоупотребува својата позиција на Академијата“, вели д-р Љубомир Фрчкоски.  

И Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство според Коцарев се недостоинствени.

„Елементот на соживот е експеримент кој е наметнат од големите сили. Значи ние не сме мултикултурна држава. Имаме рецепт за соживот кој е погрешен кој е наметнат. Треба некој друг концепт да имаме, а не соживот. Кој треба во тезата да се објасни, а тој не може да го објасни“.

Професорот Фрчковски не се согласува дека САД не има земено како што вели Коцарев за поткусурување за поважниот проблем за односот меѓу Косово и Србија и дека нас не третира како нневажен пион со кој може да се прават експерименти.

Договорот од Преспа,  Претседателот на МАНУ го гледа како „чаша полна со отров“, после која ние тонеме. Проф. Фрчковски вели дека за тезите Претседателот на МАНУ ниту елаборации, ниту алтернативи како тоа треба да изгледа.

„Прво се аматерски тези не заслужуваат поголема дебата. Ние сме чуле илјадници луѓе на екстремната десница со вакви ставови, од Ниче Македон, па натака кои не се разликуваат од Престедателот на МАНУ. Тие се една катастрофа во основа“, истакна д-р Љубомир Фрчкоски.

Во интервјуто за Слободен печат,академик Коцарев најавува научна  оценка за договорите која ќе биде објавена од страна на МАНУ. Ние се обидовме повеќепати во денот да добиеме изјава од него, но не одговори на нашите повици.