Стојан Андов, претседателот на првото Собрание на самостојна Македонија беше одлукуван со Орден „8 Септември“ од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски, за особен придонес, почит и благодарност за осамостојување на државата.
Пендаровски на Андов му го доделил пред неколку дена во домот на екс првиот човек на Собранието, поради опасноста од зараза со коронавирус.
Денешниот настан се случи во претседателската Вила Водно, а на видеобим беше пуштена снимка од врачувањето на Орденот.
Досега овој Орден им беше доделен на првиот претседател на самостојна Македонија Киро Глигоров, и на првиот премиер Никола Кљусев.
На денешната церемонија Орден добија и претседавачот на конститувната седница на првото Собрание Никола Стојановски, а сегашниот потрептседател на парламентот Фадил Зендели го прими орденот во име на сите пратеници од првиот состав на Собранието на тогашната Социјалистичка Република Македонија.
На свеченоста присуствуваа пратениците од тогашниот прв пратенички состав на Собранието.
