ВИДЕО Претседателот на Собранието на Македонија Гаши: Како да кажам, Косово е моја татковина

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши по новинарско прашање околу тоа дали е запознаен со случувањата во Косово, порача дека Косово е негова татковина, и ги следи процесите во земјата со многу внимание, пренесува ТВ21.

Н: Имајќи во предвид дека вашето потекло е од Косово, колку сте запознаени со случувањата во Косово и со животот на граѓаните на Косово?

„Верувајте, до деведесеттите ние немавме никаква разлика. Кога се поставија административните граници, луѓето родени по деведесеттите можеби и не можат да го разберат ова, но за мене Косово е мојата татковина, местото каде се родени моите родители и сочувствувам со се што се случува во Косово. Нема ниту еден процес, политички, економски или општествен што не го следам таму и го следам со многу внимание, како да сум оттаму“, вели Гаши.