Претседателот Пендаровски утре на средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски, утре во Брисел ќе оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Почетокот на средбата е предвиден во 12:45 часот, по што во 13:15 часот ќе следи заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и Генералниот секретар Столтенберг.

Претседателот Пендаровски ја завршува дводневната работна посета на Брисел, во рамки на која, покрај средбата со Генералниот секретар Столтенберг, оствари средби со челниците на Европската Унија.