Промени на патарините во Македонија од 15 јуни! Лентите „MTAG“ само за електронски таг, „MCard“ се префрла на други ленти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавното претпријатие за државни патишта соопшти дека од 15 јуни ќе стапат во сила промени во функционирањето на системот за наплата на патарините во Македонија. Според соопштението, лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници со електронски таг, додека плаќањето со MCard на овие ленти ќе биде укинато. Корисниците на MCard ќе треба да ги користат другите достапни ленти, во зависност од нивната дестинација на патарините.

Од претпријатието апелираат строго да се почитува вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и електронските информативни табли на и пред патарините, каде што е направена јасна поделба на лентите според начинот на плаќање: електронско плаќање MTAG/MCard и плаќање во готово (cash). Исто така, возачите се обврзани да ја следат сигнализацијата на лентите за поголема безбедност и побрз проток на сообраќајот.