Колку се потребни ТВ дебатите на претседателските кандидати при изборот на граѓаните. Ваквата дилема се наметна откако, барем досега нема најавено одржување на таков вид дебата во која би се соочиле кандидатите во трката за шеф на државата. Иако имаше иницијатива од актуелниот претседател Пендаровски за да се организира медиумско соочување на сите кандидати, тоа се откажа откако дел од кандидатите одбиваа да учествуваат оспорувајќи го учеството на двајца од кандидатите. Оваа тема беше покрената во денешната емисија Дејли Клик во која професорот Север Тахири го оцени како големо назадување,бидејќи како што вели партискиот демократски капацитет е на ниско ниво, сакајќи да бидат во својата комотна позиција.
„За да граѓаните можат да изберат помеѓу еден кандидат за претседател на државата и друг или трет или седми, тие треба да видат не само на митинзите што кажуваат, туку треба да видат соочување. Јавноста сака да ги види нели беа Таравари и Османи во дуел. Сака да ги види кандидатите зошто на пример Ванковска мисли и како мисли на пример да го ревидира Преспанскиот договор“, вели Сефер Тахири.
Ваквата состојба им одговара на кандидатите и политичките партии, бидејќи тие си зборуваат на кампањи што сакаат, но нема вкрстување на аргументите меѓу опонентите, вели за ова Драган Антоновски директор на МИА.
„Јас не верувам искрено дека некој од гласачите во овие 20 дена ќе го смени ставот. Може да го потврди и може да добие дополнителни информации. Меѓутоа ставот се гради во целиот процес, сите овие денови наназад Дуелите се дефинитивно корисни затоа што во тој момент можат да се отворат и прашања, за кои што, да речеме намерно ги одбегнувале заради тоа што немало кој да им ги постави и мора да кажат како ќе го реши тоа. Не, јас сакам да го решам. Како ќе го решиш тоа? “, порача Драган Антоновски.
За сега единствена дебата меѓу претседателски кандидати се одржа на Тв21 меѓу Бујар Османи и Арбен Таравари, во која јавноста ја оцени како дебата со високо ниво на политичка култура.
