Преживеана патничка од автобусот сведочи: Се случи брзо, ги барав синот, внукот, сопругот не знам дали ми е жив

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тешката сообраќајна несреќа во Хрватска утрово е тема на денот на Балканот. За жал, загинаа 10 патници од Косово, кои се враќале од Германија.

Марта Росај, една од патничките која ја приживеа несреќата, сведочеше за хрватски „Дневник.хр“

„Ништо не знам. Само гледав да ги најдам мојот син и внук. Тие беа скроз внатре, тројца беа: една жена и мојот наж на неа. И тогаш мажот и жената ги исфрлија надвор, па го извадив синот. Не можам ниту да зборувам, не знам што се случи. Да дава Господ сила на другите“, рече Росај која не знаела што се случува со мажот.

„Во болница го однесоа, не знам дали е жив или мртов. Јас ги повредив колената и малку кичмата. Не можев поради внукот да одам во болница“.