Пријател му го побарал автомобилот за да заврши неколку семејни обврски и потоа ја продал без да го праша. Ова му се случи на Нијази Исаку од Тетово. По десет дена, тој разбрал дека неговиот автомобил Голф 5 не е веќе во негово име.
„Автомобилот му го дадов на еден пријател за да му завршам услуга. Ми ја зема за неколку семејни работи, не прашав повеќе. Ми го зема за 3 дена, но го задржа повеќе. Потоа ми рече дека нашол купувач но му реков дека не ја продавам без да ги земам парите на рака. Поминаа три дена и некој ме извести дека автомобилот е продаден. Автомобилот беше продаде и беше префрлен на друго име, со фалсификување документи, со фалсификување кај нотарот. Отидов да видам, тие ме шетаа ваму-таму и затоа се јавив кај вас.“, рече Исаку.
Нијази вели дека сега останал и без автомобил и без пари.
„Автомобилот е Голф 5, 2007 година, продаден е без мое присуство, без мој потпис. Сам ги земал парите, а јас останав и без кола и без пари. Не сакам пари, само ја сакам колата назад. Тие ми велат дај ни време ќе ти платиме. Јас немам доверба имајќи предвид дека направиле фалсификат, само сакат да купат време.“, рече Исаку.
ТВ21 веќе неколку дена го следи овој случај и има увид во дел од документацијата за кои постои сомнение дека се фалсификувани. Овој случај е пријавен и кај надлежните органи. Ние нема да ги објавиме имињата на лицата кои се вмешани во овој случај за да не и наштетиме на истрагата. До целосно обелоденување ние ќе го следиме случајот на Нијази.
