Учениците започнаа со физичка настава, а денеска веќе регистрирани се и првите позитивни случаи на ковид-19 во Скопје.
Во текот на вчерашниот ден, ученичка во петто одделение од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром добила позитивен тест на ковид-19, а информацијата ја потврдил директорот на училиштето за Канал 5.
Тој вели дека во двонеделна изолација ќе одат само нејзините сооученици кои не го прележале вирусот.
Инаку, од Државниот инспекторат за Телма истакнаа дека немаат издадено ниту едно решение за контакт со позитивен ученик.
