Приведена 44-годишна жена од Бугарија – со остар предмет им се заканувала на невенчаниот сопруг и неговите родители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево, бидејќи претходно со остар предмет се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители.

Лицето било задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.