Приведено 36-годишно лице откако физички ја нападнало сопругата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Триесетгодишна жителка на тетовско село вчера (10 декември) во 18 часот и 40 минути, во СВР Тетово пријавила дека еден час пред тоа во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот 36-годишен сопруг Ф.М.

Во 20 часот и 45 минути пријавениот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.