Проблемот со палењето трска во Струга, општината и централната власт си ја префрлаат топката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Палењето на трската во Струга е проблем кој со децении се повторува во овој град. Ова е уште полошо кога се случува пред почетокот на летната сезона. Додека стружани се подготвуваат да ги пречекаат туристите, горат големи површини со трска, од Струга до село Калиште!


Овие слики го прикажуваат најновиот инцидент! Среде бел ден трската ја запалија! Активистите тоа го гледаат како доказ дека во општество во кое владее беззаконие, сè се врти околу парите и политичката моќ.

Мислам дека има луѓе кои сакаат да ја узурпираат државата, неколкупати сме реагирале како граѓанска организација, како граѓански активисти, но досега не најдовме никакво сериозно решение од надлежните, вели Коста Хиохи, граѓански активист.


И локалната и централната власт се одговорни за заштита на животната средина, но наместо тоа, тие меѓусебно се обвинуваат. Од Инспекторатот за животна средина во Струга велат дека не се надлежни да преземаат мерки бидејќи, како што велат, делот каде што е запалена трската е простор на природно наследство.

„Тоа е во делот на природното наследство на Охридското езеро. Ние како општина немаме надлежност, бидејќи делот од законот за природата го контролира Државниот инспекторат за животна средина“, велат од инспекторатот за животна средина.


ТВ21 се обрати и до Државниот инспекторат за животна средина, од каде ни рекоа дека надлежен е општинскиот инспекторат, токму затоа што е дел од културното наследство на езерото.


„Општинскиот инспекторат е одговорен за менаџирање и спроведување на мерките и активностите за заштита и промоција на природното и културно светско наследство и спречување на активности кои влијаат негативно на исклучителните вредности на природното и културно наследство во регионот на Струга и Охрид и се задолжени да постават информативни табли.
Впрочем, во членот 171 од Законот за животна средина за правата и должностите на инспекторите за животна средина стои дека државните инспектори имаат право да вршат инспекциски надзор согласно одредбите од овој закон, велат од инспекторатот.


ЧЛЕН 171
ПРАВА И ДОЛЖНОСТИ НА ИНСПЕКТОРИТЕ
Државните инспектори имаат право и должност, при вршење на инспекцискиот надзор во согласност со одредбите на овој закон, да врши преглед на природното наследство, како и друго природно богатство кое ужива заштита во согласност со овој закон, соодветната документација, работните списи, работните простории и простори и опремата.


Експертите велат дека езерската трска е место каде се размножуваат повеќе видови риби, па како последица на пожарот добар дел од нив е уништен. Посочуваат и дека трската се смета за прочистувач на езерските води.