Ова продавница е единствената во Тетово каде можете да најдете традиционални албански носии. Одработената облека од волна, облека која пред неколку време беше симбол на идентификација на албанскиот народ. Самет Зибери е кројач, а со шиење на национални носии почна пред 5 години.
„Како кројач работам веќе 30 години, а со народни носии почнав пред 5 години, поради тоа што имаше недостиг. Побарувачка има, не е голема но луѓето почнаа, можеби поради тоа што порано нема каде да ги шијат, но сега почнаа, има сега побарувачка“.
Според Зибери, печалбарите се најчести купувачи. Поголем дел од купувачите се печалбарите од Кичево и Гостивар , а во последните години и печалбарите од Тетово. Според него проблем е пронаоѓањето на материали од волна за обработка на машките носии, посебно волна која е рачно разработена.
„Повеќе ги купуваат печалбарите, повеќе од Кичево и Гостивар, а помалку од Тетово. Народните носии се различни, носиите од Кичево се разликуваат од тие од Тетово и Гостивар. Тетово и Гостивар скоро имаат слични носии, но веќе не ги гледаат важно е да биде традиционална носија. Материјалот од волна е рачно разработен, но и од фабрика. Можам да кажам дека на регионите кај што живеат Албанците не може да најдам, но купувам и од Македонците“.
Како што поминув времето народните носии се менуваат. Во полошкиот регион машките носии се покласични, црно бели, а печалбарите најчесто нарачуваат народни носии со бои и орли.
„Традиционалната носија се смени, не само кај нас. Сменета е и во Косово и Албанија. И тие ги гледаат на слики, и го нарачуваат тој модел и забележувам дека оргиналниот модел многу малку го бараат“.
За Самет емоционален момент бил кога една мајка дошла кај него со нејзиниот син и кажала дека тој ќе биде младоженец со народна носија.
„Задоволство беше кога дојде една мајка да земе традиционална облека за младоженец. Има 2 случаи кога мајките им кажале на синовите дека прво ќе ја облечат народната носија и потоа другата облека. За мене е задоволство и кога ги работам. Кога почнувам, не се бавам со други работи, ова е работка која треба да ја сакаш за да ја работиш“.
Цената на народни носии се движи од сто седумдесет до седумстотини евра. За една година, Самет вели дека има околу 40 граѓани кои нарачуваат традиционална облека.
