Најмалку 14 нигерски војници загинаа во судир со вооружени напаѓачи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 14 нигерски војници беа убиени во судири со неколку стотици вооружени напаѓачи во федералната држава Нигер во централниот дел од земјата, изјави денес портпаролката на армијата.

„Над 300 вооружени напаѓачи учествуваа во нападите врз селата. Нападот беше извршен од шумското упориште на бандитите во областа Марига, но нигериската армија изврши прецизни удари и испрати војници да се соочат со напаѓачите“, изјави портпаролката на армијата Аполонија Анеле и потврди дека десет војници се ранети во борбите, пренесува АП.

Претходно денес, нигерската војска соопшти дека операцијата против вооружените бандити резултирала со „значајни загуби во непријателските редови“.