Продолжува испитувањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети од страна на истражителите на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово. Испитувањето се одржува во просториите на мисијата на ЕУ-ЕУЛЕКС во Приштина. Како што најави оргинизацискиот секретар на ДУИ Артан Груби за ТВ21, испитувањето на лидерот на партијата се очекува да заврши денеска. На прашањето дали можеби ќе му бидат потребни дополнителни денови за сведочењето на Ахмети, Грбуи за ТВ21 изјави засега не, но останува да се види до попладневните часови кога ќе заврши денешното сведочење. Првото испитување на Ахмети беше вчера во 9:30 часот, и траеше цели осум часа кога околу 18 часот го напушти седиштето на ЕУЛЕКС без изјава за медиумите.
